|
Времето утре ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степен.
Во Скопје претежно сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.
Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни.
Од среда до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени, велат од УХМР.