Времето за зимница доаѓа: Подгответе кисели сечкани пиперки со лук

ИЗВОРНов Лист
|

Наскоро ќе биде крајот на летото, па домаќинките почнаа да се подготвуваат за зимата. Познато е дека пиперката е многу богата со витамин Ц, па затоа треба да се најде како салата на зимската трпеза. Денес ви претставуваме нов начин на подготовка на овој зеленчук.

Потребни ви се: 4 кг месести црвени пиперки, 4 парчиња лута пиперка, 16 чешниња лук, 250 мл вински оцет, 100 гр шеќер, 2 лажици семе од синап, 1 лажичка бибер и сол по желба.

Подготовка: Исчистете ги пиперките, исечете ги на тенки ленти. Измијте ги лутите пиперки, исечете ги на половина, исчистете ги од семиња, а исто така исечете ги на ленти. Излупете го лукот и исечете го на половина. Истурете ги пиперките во солена вода 4 минути, извадете ги и исцедете ги. Измешајте ги двата вида пиперки. Варете оцет, шеќер, лук, семе од синап, бибер и 2 лажички сол во 250 мл вода, додадете пиперки и оставете да отстои 8 часа. Истурете го зеленчукот во тегли, и варете ја течноста уште малку и истурете ги пиперките. Изладете и затворете ја теглата.