Втор ден со соучениците доаѓа на настава , иако над 90% од неговите професори во средното училиште „ Орце Николов“, како дел од СОНК штрајкуваат, за повисоки плати. Матеј Ивановски е ученик во втора година. Вели, поради штрајкот само некои професори држеле настава, но го подржува тоа.
ГУБИМЕ ОД НАСТАВА , ДА. НО, АКО ШТРАЈКУВААТ ЗА НИВНИТЕ ПРАВА ПРОФЕСОРИТЕ, МИСЛАМ ДЕКА ИМААТ ПРАВО ДА ШТРАЈКУВААТ. ТАКА ШТО ГО ПОДРЖУВАМ ТОА, ИЗЈАВИ МАТЕЈ ИВАНОВСКИ, УЧЕНИК ВО ВТОРА ГОДИНА ВО ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“.
Професорите на Матеј и денеска седат во посебна просторија, со маски на лицата согласно анти ковид протоколите и не држат часови. Штрајкуваат зашто бараат зголемување на платите за 18, 4 %, откако се зголеми минималната, бидејќи сметаат дека не е едноставно да се живее со платите што ги добиваат.
СОГЛАСНО ПОСЛЕДНИТЕ ПОСКАПУВАЊА И ГЕНЕРАЛНО ШТОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ , НЕ Е ЕДНОСТАВНО , ДА. МАЛА Е ПЛАТАТА, ДА, ВЕЛИ ЉУБИША ГАВРОВСКИ – ШТРАЈКУВАЧКИ ОДБОР НА СОНК ВО ГИМНАЗИЈА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“.
На денешниот втор ден од штрајкот на СОНК, бројот на ученици кои доаѓаат на училиште е се помал, велат од штрајкувачките одбори. Според нив , тоа е доказ дека родителите се солидаризирале со нивните барања.
УТРОВО НЕМА НИ ЕДЕН УЧЕНИК. БЕШЕ ДОНЕСЕНА САМО ЕДНА УЧЕНИЧКА. МЕЃУТОА КОГА РОДИТЕЛОТ ВИДЕ ДЕКА Е САМО ЕДНА УЧЕНИЧКА СЕ ВРАТИЈА, ОДНОСНО СИ ЈА ЗЕДЕ ПОВТОРНО НАЗАД, ИСТАКНА МИРОСЛАВ НАЈДОВСКИ-ШТРАЈХКУВАЧКИ ОДБОР НА СОНК ВО ОУ „ПЕТАР ПОПО АРСОВ“.
ЗА 2 ИЛИ 4 ДЕЦА НАСТАВА ТЕШНО МОЖЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ОД РАЗЛИЧНИ ОДДЕЛЕНИЈА. ЗНАЧИ ТИЕ РОДИТЕЛИ ШТО НЕМАЛЕ СИГУРНОСТ ЗА ТОА ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ, ЕВЕ ВИДОА ДЕКА ПОДРШКАТА Е ГОЛЕМА, ВЕЛИ ВИТОМИР ЛАЗОРОСКИ- ШТРАЈКУВАЧКИ ОДБОР НА СОНК ВО ОУ „ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ“.
Од штрајкувачките одбори велат дека од утрово немало притисоци за прекин на штрајкот, а за вчерашните обиди тој да запре веќе има писмени изјави, упатени до правниот застапник на СОНК.
ДО СЕГА ИМА 7 ПИСМЕНИ ИЗЈАВИ ОД ШТРАЈКУВАЧИТЕ ЗА ПОПРЕЧУВАЊА НА ШТРАЈКОТ. ТИЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНЕШНИОТ И УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ БИДАТ ПОДНЕСЕНИ ОД СОНК ВО ОСНОВНИТЕ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛСТВА НИЗ ДРЖАВАТА, ВЕЛАТ ОД АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА ШЕХТАНСКИ.
Штрајкот на СОНК ќе трае до исполнување на барањата.
Сотир Трајков