Моменталната состојба во однос на животната средина во Република
Северна Македонија достигнува алармантно ниво, од речиси секој аспект (квалитет на воздух, управување со отпад, квалитет на вода, заштита на природата, индустриско загадување и управување со ризик, бучава, климатски промени, усогласување и имплементација на легислативата итн.). Тоа е забележано и во последниот извештај од Европската Комисија, каде е истакната потребата на поголемо учество на јавноста во одлучувачките процеси, поголем степен на информираност, како и поефикасно искористување на механизмите за пристап до правда.
Правата за здрава животна средина континуирано се прекршуваат и
пристапот до нив е оневозможен, пред сè поради комплексните судски процедури, за кои граѓаните ниту се информирани, ниту пак имаат средства да си ги овозможат. Во тој контекст, во рамки на проектот: „Еднаков пристап за ефективна правда“ – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран од страна
на Здружение на граѓани Флорозон – Центар за Еколошка Демократија, во партнерство со Environmental Law and Management Association EMLA – Унгарија, подготвен е Документ за приказ на моменталната состојба во Република Северна Македонија, кој ќе биде презентиран на втората средба на Националното Координативно Тело, на 26.06.2019 (среда), со почеток од 10 часот, во Хотел Карпош Скопје. На средбата ќе се отвори платформа за дискусија со осврт на правото на здрава животна средина и статусот на ранливите и маргинализирани групи во овој контекст.
Имено, Националното Координативно Тело, составено од релевантни
претставници од областа на животната средина, ќе придонесе кон градењето на ефективен систем на правна помош во земјата, ќе овозможи меѓу-секторска соработка и соработка помеѓу главните чинители основана врз партнерство и вмрежување vis-à-vis новиот Закон за бесплатна правна помош.
Со спроведување на проектните активности, ќе се влијае врз
зголемување на капацитетите на релевантните институции, подигнување на јавната свест за правото на еколошка правда и унапредување на постоечките механизми на правни лекови.