Вучиќ: Не сум ниту за Путин ниту за Бајден, гајле ми е за нив

|

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за ситуацијата во Укр аина и на фактот дека Србија сè уште нема воведено санкции кон Русија.

„Истрпевме 210 дена со стабилна политика, мислам дека никој не го очекуваше тоа… Патот на Србија е многу тежок, трнлив… но тоа е пат кој се грижи за интересите на државата. Нема да биде лесно во иднина“, рече Вучиќ.

„ Јас не се бор ам за Путин или Бајден, туку за Србија, оваа земја… Не ми е гајле за странските лидери“, додаде Вучиќ и изјави дека притисоците ќе се зголемуваат.

„Гледам како Србија во овие тешки моменти нема да биде под нивен на пад и затоа што треба да размислуваме за денот потоа, како што изјави денеска Ангела Меркел“, рече Вучиќ и додаде дека притисокот врз Србија ќе се множи.

Тој вели дека на Запад се зголемува нервозата и дека политичките партии и медиумите ќе бидат вклучени во притисокот врз Србија. Тој во своето обраќање го повтори ставот на Србија за референдумите во Украина.

Вучиќ рече дека Србија нема да ги признае референдумите во областите Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон.