Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска Владата донела одлука за извоз на земјоделски производи откако во понеделникот се соочиле со досега најголема побарувачка на пченица од 200.000 тони. Тој нагласи дека во регионот има голема потреба за житарици и дека цените отишле до небо.
„Сите сакаат да обезбедат храна за населението. Затоа донесовме мерка за забрана на извозот, а Владата може да дозволи извоз ако процениме дека сме безбедни“, рече тој и посочи дека Србија ќе има доволно жито за земјите од регионот.
„Ние да имаме а луѓето во Скопје или Подгорица да немаат, тоа нема смисла“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека за три дена извозот на маслото за јадење скокнал за 109 отсто.
Тој рече дека во моментов имаат 800.000 тони пченица и еден милион тони пченка во резерви. Тој потсети дека годишните потреби се 1,2 милиони тони пченица, а жетвата допрва доаѓа во август.