Вилсон призна дека има девојка, лут новинар: Ми ја украде приказната, јас требаше да ја објавам

ИЗВОРНов Лист
|

Популарната актерка Ребел Вилсон (42) реши веднаш да стави крај на гласините за нејзиниот љубовен живот и пред медиумите да го објават, ја извести јавноста дека има нова девојка Рамона Агрума.

Само неколку часа подоцна, колумнистот на Sydney Morning Herald, Ендрју Хорнери, ја коментираше нејзината одлука да ја објави оваа вест, тврдејќи дека тој дознал за врската и требало да биде првиот што ја објавил приказната за неа.

Планирал да ја објави како „излегла од плакарот“, па се пожалил дека таа му ја „украла“ приказната.

– Ви благодарам за вашите коментари, тоа беше многу тешка ситуација, но се обидувам да ја решам на најдобар можен начин – коментираше Вилсон на Твитер.

„Значи, очигледно е дека не беше изборот на Ребел Вилсон да излезе во јавноста со тие информации. SMH/the Age призна дека два дена претходно ја предупредиле дека ќе ја објават информацијата. Што е уште полошо, во ова се вмешани мажи од Сиднеј Морнинг Хералд кои се отворено геј, напиша Кејт Доак од Канал 10 на Твитер.

Холивудската актерка веста ја сподели на Инстаграм со своите фанови, а парот е во врска шест месеци.