Youth Fest – Фестивал на Младински Совет на Амбасада на С.А.Д. Р. Северна Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Со цел да се прослават приказните на младите луѓе кои не мотивираат да се стремиме кон еден подобар стандард и да се бориме за нашите идеали, Младинскиот Совет на Амбасада на С.А.Д. во Република Северна Македонија на 7ми Април (Недела) организира фестивал во Младинскиот Културен Центар со почеток во 12 часот попладне.

Идејата која сака да се искомуницира со фестивалот и е интерактивната изложба со приказни на младите луѓе во оваа држава. Нивните приказни се посочени на препреките со кои се соочуваат младите луѓе, оние од општеството и оние кои си ги поставуваме самите себе си, како и поддршката и мотивацијата на која треба да се фокусираме. Фестивалот сака да го искомуницира и одговори прашањето „Што им е важно на младите“ Во склоп на фестивалот ќе свират два бенда, ќе настапат и два DJи додека во позадината ќе има базаар со локалните креативци и нивните уникатни производи. Учество ќе земе и Американското Катче со нивни друштвени игри а ќе се оддржи и дискусија на тема „Зошто да останеме?“ (во оваа држава).

Советот би сакал да ги покани сите оние кои сакаат да земат учество во една поинаква уникатна форма на фестивал, да се запознаат и охрабрат од приказните на младите луѓе, да ја споделат нивната приказна, да уживаат во музиката и сонцето и да ги откриjат сите други изненадувања кои се криат во фестивалот.

Овој фестивал е поддржан од Амбасада на С.А.Д. Република Северна Македонија.

Агенда:
12:00 – Отварање на изложбата пристигнување на гостите, започнување на базарот
12:30 – Minstrel Gallery
13:15 – Cirka
14:00- Обраќање на Младинскиот совет
14:10- Дебата (во холот)
14:15 – DJ Ux
15:30 – DJ Dino