Викендот е за уживање и вкусна храна, затоа денеска ви претставуваме рецепт за највкусното ѓеврече – печиво со крцкава кора и мека средина.
СОСТОЈКИ: 300 мл топла вода, 1 лажичка шеќер, 1,5 лажичка сув квасец, 2 лажици масло, 550 гр брашно, 1 лажичка сол.
ОСТАНАТИ СОСТОЈКИ: 100 гр сусам, 80 мл млака вода, 1 лажичка мед.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Измешајте вода, шеќер, масло и квасец. Оставете малку да отстои, па додајте брашно и сол. Брашното додајте го од 3 пати. Замесете тесто кое не се лепи за раце. Оставете на топло место околу еден час. На побрашнета површина премесете го тестото и поделете го на осум делови. Секој дел развлечете го на дебелина од 40-45 см, па составете ги краевите.
Измешајте млака вода и мед, па соединете. Секој ѓеврек ставете го во вода и мед, па во сусам и редете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени околу 20 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“: