Страстите околу настапот на Јелена Карлеуша на Роштилијадата во Лесковац не стивнуваат и по завршувањето на долгонајавуваниот концерт.
И додека Јелена е воодушевена од приемот и одзивот на публиката, од друга страна, оние кои не беа за тоа пејачката да настапи на оваа традиционална манифестација се згрозени од нејзиниот провокативен настап, за кој, наводно, Град Лесковац и платил на Карлеуша дури 20.000 евра.
На Твитер се појавија бројни коментари за осуда на концертот на Јелена, каде се ширеа фотографии и снимки, со прашање дали овој настап е адекватен за детската возраст.
– Претстава во Лесковац во режија на Ј.К. Тапкање по гол задник – адекватна програма за малолетните деца кои дојдоа да ја гледаат. Па лесковци, што дозволивте! Сакам да слушам музика, а не да гледам стриптиз, пишува еден револтиран граѓанин.
На некои им пречело што концертот бил платен 20.000 евра.
– Градот Лесковац на ова суштество му плати 20.000 евра. Тоа се случи, иако лесковци јавно се противеа.
Некои ја коментираа оваа ситуација и слики од настапот на хумористичен начин.
Инаку, Карлеуша веднаш по концертот почна да објавува слики и видеа од Лесковац, со голема благодарност до сите што беа таму.
– Каква ноќ! Благодарение на Лесковац! Посилни од дожд, посилни од молњи и громови, посилни од хејтерите! Цел југ на Србија синоќа дојде да пееме и уживаме заедно. Какви фанови имам јас, никој нема! Ви благодарам многу! – напиша Карлеуша на Инстаграм.
Да потсетиме, Карлеуша на конференцијата по повод концертот откри дека нејзиниот најавен хонорар од 20.000 евра нема да биде платен, туку дека сите пари биле вложени во нејзиниот сценски настап.