За Анастасија Ражанотивиќ вели дека е далеку од неа: Луна Џогани ја објави првата песна, фановите веднаш и порачаа само два збора (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на Анабела Атијас по излегувањето од реалното шоу „Задруга 2“ каде победи и освои повеќе од 100 илјади евра реши да сними песна и да стане пејачка.

По стапките на својата мајка Луна Џогани сними песна во студиото на Дарко Димитров во Македонија, а денеска го промовираше и својот спот за истата.

„Деветти круг“ веднаш наиде на лавина коментари на нејзиниот Јутјуб канал, но и Инстаграм каде пејачката ја споредија со Анастасија Ражнатовиќ која исто така стана пејачка по стапките на својата мајка.

„Дали тоа ја копираш Анастасија, бледа копија“, се само дел од коментарите.

Видео спотот од нејзината прва песна можете да ја слушнете во продолжение.

Инаку таа во минатото говореше дека Анастасија Ражнатовиќ не е ниту близу до неа и дека не мисли дека ја копира ќерката на Цеца.