За брзо возење 203 санкции само вчера, на територијата на цела држава

|

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 203 возачи.

Од нив, информираа од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

МВР исто така информира дена на територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции.

Изречени се и седум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум за користење мобилен телефон, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот.