Владата го одврза ќесето да ги спаси скопјани од смрзнувачка… Како што информираа денеска тие ќе покријат 80% од трошоците за гасот на БЕГ, а за Скопје – Север дополно ќе се бара решение.
Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши со 5 милиони евра Владата ќе го помогне БЕГ за скопјани повторно да имаат топли радијатори. За помошта да биде комплетна го повика и Град Скопје со сите општини да учествуваат со уште 1 милиони евра.
„Разликата од актуелна до реална цена 80 посто држава, а останати 20 посто за корисниците иако минимален дел ги повикуваме да ги покрие град Скопје. Разликата од актуелна до реална, влада во име на корисници и јавни институции средства ќе уплати на БЕГ, каде ќе е обврзан да намали сметки на потрошувачи, односно домаќинства нема да добијат повисоки сметки“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија
Според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски ова трајно ќе го реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија.
„РКЕ ќе донесе реални цени за топлинска енергија за реални трошоци кои имаат компании, разликата на таа цена до постоечка ќе биде покриена од Влада во огромен дел, а минимален процент ќе биде од Град Скопје и општините“, истакна Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
Додека се бара решение за проблемот, жителите на Бутел и Чаир и денеска се со ладни радијатори. И Општина Чаир и Владата уверуваат дека прават напори да излезат во пресрет да се набави гас и за оваа топлана, бидејќи таму гас има за само неколку дена.