За Девицата мноу среќа во љубовта, за Бикот кавги: Викенд хороскоп (08-09.06.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Тешкиот товар кој го носите не е само од вашите вишок килограми. Насобрани се доста незгодни позиции, климави компромиси и неразрешени ситуации. На крајот од викендот ќе почувствувате олеснување и простор за нови планови.

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку премногу критикувате нечие однесување, тогаш морате да ги прифатите и можните негативни реакции. Важно ви е да промените нечие мислење за вас. Соработниците ќе ви наметнуваат некакви услови. Избегнувајте провокативни ситуации.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред вас е голем пресврт од кој можете да направите чудо. Имате креативност, сила и амбиција, но и една маана. Премногу емотивно реагирате на критиките. Научете да се контролирате и стекнете самопочит.

Рак (22.06 – 22.07)

Во љубовниот живот непотребно се грижите поради нечие однесување. Покажете повеќе разбирање за нечии грешки или мали емотивни слабости. Водете сметка за црниот дроб.

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во романтично расположение и посакувате силни изливи на љубов. Во емотивниот занес сте подготвени да се пробате во нови и предизвикувачки ситуации. Ново познанство стои пред вас.

Девица (23.08 – 22.09)

Во љубовниот живот ви одговара нечие присуство, но ви недостасува прилика да ги остварите своите намери. Бидете дискретни во средбите кои изобилуваат со силни емоции или некои прикриени страсти. Ќе ве изненади повикот за дружење од пријателите.

Вага (23.09 – 22.10)

Нема причина да ги одложувате средбите со соработниците. Тие ќе имаат одлични идеи за вас. Постои личност за која ве врзуваат заедничките деловни интереси и позитивното искуство. Активирајте се повеќе во некој спорт.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Прифатете го фактот дека не можете на се да влијаете. Во љубовта бидете малку почувствителни, обидете се да ги разберете чувствата на партнерот. Ќе бидете среќни викендов.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не верувате во нечии ветувања на полето на работата, потребна ви е поголема гаранција или потврда за да бидете сигурни. Делувате задоволно поради настаните кои ве следат во љубовниот однос. Важно е правилно да вреднувате нечии чувства и постапки.

Јарец (22.12 – 20.01)

Делувате оптимистично и насмевката од задоволство ќе се најде на вашето лице. Речиси се што ќе замислите умеете и да го остварите на добар начин. Прифатете различни можности. Послушајте ги советите на семејството и пријателите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе почувствувате креативна инспирација и со леснотија ќе завршите бројни обврски овој викенд. Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, па така соработниците ќе очекуваат ваше мислење за различни деловни теми. Партнерот ви е малку сомнителен.

Риби (20.02 – 20.03)

Викендов ќе сакате да го поминете во релаксација, иако ќе имате некои ситни задачи, сепак нема да имате волја да ги завршите. Во ред е да се опуштите и да одморите, но од понеделник сериозно пристапете им на обврските. Во љубовта малите кавги нема да успеат да ја нарушат хармонијата.