За мојот утрешен роденден имам само една желба – Момо да го прослави со мене и овој и идниот…

ИЗВОРСкопје24
|

Валбурга Батева, сопругата на Момо Николовски, со емотивно обраќање на социјалните мрежи повторно побара помош за докажаниот фолк-уметник кој е сериозно болен.

За мојот утрешен роденден имам само една желба – овој прекрасен човек да го прослави со мене и идниот, а и сите други кои Господ ќе ми ги даде. Драги пријатели, помогнете ми во остварувањето на оваа желба. За корисниците на ВИП, кој сака и може нека се јави на 143 462, Благодарам, ве сакаме – напиша сопругата на популарниот македонски пејач.

Za mojot utresen rodenden imam samo edna zelba – ovoj prekrasen covek da go proslavi so mene i idniot, a i site drugi…

Gepostet von Valburga Bateva Nikoloska am Dienstag, 5. Februar 2019

На еден од доајените на македонската народна песна му е дијагностициран абдоминален р*к и потребни се средства за негово лекување во странство.

Таа пред некој ден со емотивна порака и фотографија преку социјалните мрежи на својот сакан му порача дека секогаш ќе биде покрај него и јавно им се заблагодари на сите хумани луѓе кои донираат средства за Момо да оди на лекување и да се избори со ракот.

„Ајде мило мое…моите песни чекаат на тебе! На тебе чекаат и сите оние на кои им требаме и помагаме со години. Твојот свилен глас пак ќе се разлее низ етерот, онака како што ти само знаеш. Со љубов ќе ги растераме темните облаци кои се надвиснаа над нашиот живот. Ви благодарам на сите вас кои постојано се јавувате, прашувате и давате придонес за опстанокот на еден мил, чесен и доблесен човелк – мојот човек“, стои во постот на Валбурга.

Веста за болеста на Николовски прв ја објави музичарот Сашо Ливрински.

„Почитувани колеги музичари и пријатели на македонската музика, ви се обраќам како долгогодишен соработник на мојот почитуван колега и кум Момо Николовски, на кого во моментов му е потребна нашата несебична помош и поддршка. Потребни се финансиски средства за негово итно лекување, затоа ве замолувам секој според можностите да помогне донирајќи на следната ж-сметка: 300007032927321-Комерцијална банка АД Скопје. За повеќе информации слободно контактирајте ме на телефонот 070 279 769 – напиша Ливрински.

Претходно сопругата се огласи преку „Фокус“ и ја разјасни ситуацијата во која се наоѓа нејзиниот сопруг, доајенот на македонската народна музика Момо Николоски:

-Момо има ра* на желудник, направена е операција, но за жал после отворањето на абдоменот се доаѓа до лош наод, ра* со абдоминални метастази. Докторите предлагаат хемотерапија и се друго што може да го понудат понапредни болници во Берлин и Истанбул. Чекаме уште два битни резултати од биопсиите, но времето работи против нас, па се лекуваме и со скапи алтернативни методи. Сумите кои ни ги бараат се движат од 10.000 евра до недостижни плафони. Се наоѓаме во хаотичен период со испланирани секунди во текот на секој ден, а луѓе постојано пишуваат и се јавуваат да дадат морална поддршка, за што сме многу благодарни. За жал, во овој момент не ни даваат мобилни опции за помош, бидејќи во формуларите се бара потврда од странска болница дека таму ќе се оперира и фактура со точниот износ на операцијата. Ние такви податоци не можеме да обезбедиме, затоа што методите можеби и нема да вклучат операција, туку ласерски пристапи или матични клетки – истакна Валбурга.