За некого проблеми, за некого изненадувања – Дневен хороскоп за 27.12.2018

ИЗВОРСкопје24
|

ОВЕН – Работа: Денеска ќе имате многу „ситни“ обврски кои ќе ве окупираат. Но, денеска добра организација е клучна за успешен работен ден. Љубов: Не чувствувате дека сакате премногу да се врзувате. Уживајте во својата слобода. Здравје: Внесувајте повеќе витамини.


БИК – Работа: Денеска очекувајте мирен ден без многу обврски. Ќе ви годи промена во однос на брзиот работен ритам. Љубов: Со партнерот сте изградиле таков однос што и двајцата мислите само на вас. Здравје: Без проблеми.


БЛИЗНАЦИ – Работа: Иако вашите очекувања не се високи, денеска можете многу да остварите. Немојте да се плашите да бидете амбициозни. Љубов: За оние кои не се во врска, ова е еден здодевен ден без промени. Ако сте во врска, тогаш таа е стабилна. Здравје: Проблеми со стомакот и варењето.


РАК – Работа: Денеска ќе имате идеи кои би можеле да донесат до проширување на работата. Поставете се одговорно и размислувајте кон иднината да ги реализирате. Љубов: Со саканата особа имате се поголеми проблеми околу комуникациите. Здравје: Избегнувајте цигари.


ЛАВ – Работа: Можноста за појавување на неочекувани проблеми е голема денеска. Денеска бидете подготвени за напорен и ден со стрес. Љубов: За да ја одржите врската со саканата особа, морате да покажете подготвеност за компромис. Здравје: Можни проблеми со варењето.


ДЕВИЦА – Работа: Вашите планови се остваруваат полека, дури и ако не приметувате. Наскоро е можно унапредување. Љубов: Денеска ќе остварите интересна комуникација со необична личност која сте ја запознале. Здравје: Мали проблеми со грлото.


ВАГА – Работа: Денеска е поволен ден за склопување на договори со лица од странство или работни патувања доколку сте ги имале во план. Љубов: Личноста која денеска прв пат ќе ја сретнете, ќе почне да има силни чувства кон вас. Здравје: Избегнувајте претерување.


ШКОРПИЈА – Работа: Конечно, напредувате по прашањето на финансии кои долго ве загрижуваа. Денеска е можно да ја зголемите заработката. Љубов: Очекувајте интересна личност да ви пријде. Тоа ќе биде почеток на вашиот однос. Здравје: Чувствителен уринарен тракт.


СТРЕЛЕЦ – Работа: Ве чекаат непредвидени и нагли промени. Можно е денеска да дојде до компликации на кои не сте се надевале. Љубов: Ќе имате повеќе шанси за нова познанства и флерт. Ве чека еден возбудлив ден кој ќе го паметите. Здравје: Низок притисок.


ЈАРЕЦ – Работа: Ве чека одличен ден во кој ќе имате сила и способност да се носите со сите потешкотии кои ќе ви се најдат на патот. Љубов: Не сте фер кон вашиот партнер. Не му се посветувате доволно. Здравје: Пад на имунитетот.


ВОДОЛИЈА – Работа: Избегнувајте било што да вложувате или да ризикувате денеска затоа што ќе немате среќа. Држете се на веќе познатите работи. Љубов: Ве очекува интересен развој на случувањата со личноста која долго време ја познавате. Ќе бидете позитивно изненадени. Здравје: Очите ви се чувствителни.


РИБИ – Работа: Денеска можете да остварите добра соработка со личност родена во знакот Бик која ќе донесе корист на двете страни. Љубов: Се повеќе се сомневате во вашата сегашна врска. Партнерот не ви се чини толку приличен како на почетокот. Здравје: Проблеми со желудникот.