За Нова година направете ги највкусните путер кифлички (РЕЦЕПТ)

ИЗВОРСкопје24
|

Новата година во Македонија не поминува без Руска салата и кифлички кои едноставно сите ги обожаваат. Доколку тоа е случајот и во вашиот дом тогаш, ви преттавуваме рецепт за највкусните путер, кои за Божиќ можат да бидат и посни.

Состојки: 0,5 литри млака вода, 1 коцка (40гр) свеж квасец, 125 гр омекнат путер или маргарин, 1,5 лажиче сол, 1 лажиче шеќер, 50 мл масло, 900-1000 гр брашно, остатокот од путерот/маргаринот (125 гр), 1 јајце и по потреба сусам.

Во млаката вода се дроби квасецот и се додаваат сите состојки, од кои на крај брашното и веднаш се меси мазно тесто.

Тестото се намастува со масло со рацете или четче одозгора и се остава 10-15 минути.

Потоа се дели на 3 или 6 дела. Јас го делев на 6 за два пати да исучам кора и да добијам помали кифлички.

Се расукуваат 3те дела и се премачкуваат со путер/маргарин, но не најгорната.
Се сучи тенка кора и се сечи на триаголници. На почетокот на секое се става сирење или урда или фил по вкус или пак можи и празни да се и се ролаат во кифличка.

Се редат во намастен плех или обложен со пек-хартија, се премачкуваат со разматено јајце и се посипуваат со сусам. Врз секоја се става по мало парче путер/маргарин кој останал од коцката.

Можи и да го стопите путерот, па пред да ги намачкате со јајце прво да ги премачкате со него.

Се печат веднаш на 180С 20-30 минути, односно додека благо не поруменат.

*Доколку сакате посни, направете ги со маргарин и одозгора не ги премачкувајте со јајце.