За новогодишните празници направете нешто необично: Превкусен колач од лимон

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку сакате да подготвите нешто необично, а превскусно за новата година, ние ви го препорачуваме колачот од лимон, за кој сите ќе ви го бараат рецептот. Со благо-киселкаст вкус тој е вистинско совршенство кога се во прашање десертите.

Се што ви треба за подготовка на овој сочен колач од лимон се: 2 лимони, 250 гр путер, 250 гр шеќер, 5 јајца, 250 гр брашно, половина прашок за пециво, 50 гр шеќер во прав, сол.
За прелив: 50 г шеќер во прав, 2 чаши вода.

Подготовка:

Измијте ги лимоните, изрендајте ја кората и исцедете го сокот. Во голем сад ставете го путерот, шеќерот, малку сол и кора од лимон. Потоа со миксер мешајте ги јајцата, брашното и прашкот за пециво.

Оваа смеса ставете ја во сад за печење и печете на 180 степени околу 50 минути. Измешајте сок од лимон со 50 гр шеќер во прав, потоа истурете ја оваа смеса врз кората. Кога сокот ќе се апсорбира извадете го колачот од садот за печење и оставете го да се излади.

На крај, стопете две лажици шеќер во прав и истурете врз колачот.

Добар апетит!