Џим Темплтон во 1964 година купил фотоапарат во боја и решил да го искористи убавото време и со сопругата и ќерката да отиде на пикник.
Убавиот семеен момент посакал да го овековечи со својот нов апарат и и рекол на ќеркичката да застане и да позира. Сè поминало совршено… до моментот кога Џим ги развил фотографиите.
Џим Темплтон од Англија така станал творец на една од најпознатите фотографии на кои се гледаат паранормални активности.
Имено, зад неговата ќерка јасно се гледа силуета на човек во бело кој личи на астронаут. И Џим и неговата жена до крајот на животот тврделе дека на ливадата освен нив немало никој друг.
Фотографијата станала толку популарна, па експерти од компанијата Кодак морале да потврдат дека не дополнително менувана и дека не се работи за монтажа.
До денес, за неа никој нема објаснување.
Најдобра слика од ‘површина’ и атмосфера на ѕвезда
Направена е првата дводимензионална мапа од брзината на движење на материјалот од ѕвезда што не е нашето Сонце.
Користејќи го интерферометриски Многу големиот телескоп (VLTI), астрономите ја конструираа најдетализираната слика некогаш направена од некоја ѕвезда покрај нашето Сонце, тоа е од црвениот суперџин Антарес. Тие исто направија мапа на брзините на материјалот што се движи во атмосферата, при што се откриени неочекувани турбуленции во огромната проширена атмосфера на Антарес.
Со голо око, познатата светла ѕвезда Антарес може да се забележи со нејзината доминантна црвена боја во соѕвездието Шкорпија. Овој црвен суперџин во споредба со другите ѕвезди е малку поладен и е во крајната фаза на живот, на пат да експлодира во супернова.