Оваа е многу посебна монета. Би можеле убаво да заработите ако ја имате баш оваа паричка.
Нормално е да монетата од 2 евра вреди точно 2 евра. Ништо повеќе, ништо помалку. Меѓутоа, на примерокот од 2007 година се придава исклучително значење.
Во чест на покојната принцеза од Монако, позната како Грејс Кели, изработени се точно 20.001 примерок со специјален печат.
На задниот дел од паричката, се наоѓа профил на принцезата со натпис „Monaco“ и годината на издавање „2007“.
Денес се смета за многу вредна! Колекционерите се подготвени да платат неколку стотици евра.
Обратете внимание и дали на предната страна на паричката се наоѓа и мала карта на Европа. Колекционерите за неа плаќаат и до 600 евра.
Пред извесно време и со банкнотата од 10 динари оние кои живеат во Србија не можат да купат ниту кутија ќибрит, но постоеше банкнота која вреди многу повеќе.
Станува збор за банкнота од 1885 година. Како што тврдат колекционери, таа е ретка, а за неа плаќаат од 3.000 до 8.000 евра.
Овие банкноти биле повлечени од употреба, а оние кои останале во оптек се растурени и претставуваат вистинско „мало богатство“.
Хартијата е бела на оваа банкнота, а написот 10 динари стои на кирилица.
Димензиите се 131 на 96 мм.
Во Србија постои страст за собирање на стари пари.
Со ова хоби во земјата се занимаваат десетина илјади луѓе.
Се претпоставува дека во земјата има 30.000 колекционери.