За оваа професија во Германија недостигаат 35.000 работници
Германија е во потрага по медицински кадар, најпотребни се негувателките.
Побарувачката за нив е порасната за 50 проценти од 2015 година, а во моментов се потребни 35.000 негувателки кои ќе се грижат за стари и болни лица, соопшти Employland.de
Предвидувањата се дека во 2030 година недостигот на персонал во здравството ќе достигне речиси милион лина – покрај 165 илјади лекари, ќе недостигаат и 800 илјади друг медицински персонал.
Интернационалната родителска иницијатива “Mother Hood” во 2017 година издаде предупредување во врска со патувањата на бремени жени – во делови на Германија поради затворените породилни сали и недостигот на бабици не може да се гарантира сигурно породување.
Се смета дека само голем прилив на лица од странство може да го реши овој проблем со недостиг на работна сила.