За овие два знака, 2022 година ќе биде пеколна: Сѐ ќе им оди наопаку, наредниов период им носи само неволји

|

2022 година ќе биде година на големи промени. Таа е специфична од повеќе причина, а особено зашто ја красат три двојки. Оваа низа има посебно значење и моќ, велат нумеролозите.

Бројот 2 означува дуалност, рамнотежа и приспособливост, верба и доверба, соработка и дипломатија. Бројот 2 исто така претставува љубов, семејство и партнерство.

Меѓутоа, за овие два знака, сепак, нема да биде толку добра. Тие ќе се соочат со големи предизвици и препреки оваа година. Добрата вест е што доколку вложат малку труд и напор, од сѐ ќе излезат како победници.

Терезија

Ќе наидувате на проблеми каде и да се свртите. Многумина погрешно ќе ги толкуваат вашите зборови, па често ќе влегувате во расправии и конфликти. Меѓутоа, тоа ќе ве научи како да се изборите за себе и да кажете НЕ.

2022 е година на вистината и на искажувањето на потиснатите емоции. Иако Терезиите се склони на криење емоции зад маска, оваа година ќе ве натера да излезете од удобната зона и да се соочите со сите проблеми. Иако сето ова ќе изгледа застрашувачки за вас, сите овие искуства ќе ви помогнат 2023 година да биде поуспешна и подобра.

Што се однесува до љубовта, очекувајте турбулентен период. Ќе има многу караници, разочарувања и несогласувања. Кон крајот на годината сепак ќе дојде до смирување на ситуацијата и неколку интересни познанства.

Водолија

Искористете ја 2022 година за собирање енергија и сила. Вежбајте, медитирајте, опкружете се со позитивни луѓе и мисли. Ова не е поволен период за започнување нови работи и бизниси, најдобро е да ја почекате 2023 година, велат астролозите. На оваа година гледајте како на период на подготовки, што ќе ви помогнат да заблескате во полн сјај во наредната.