За празничната трпеза: Годинава направете поинаква – Руска салата со карфиол

ИЗВОРНов Лист
|

Направете вкусна руска салата со совршен додаток – карфиол.

СОСТОЈКИ:
300 гр. замрзнат карфиол; 300 гр. колбаси; 400 гр. мајонез; 3 моркови; ½ тегли кисели краставички и 4 јајца

ПОДГОТОВКА: Се вари карфиолот на пареа и се сече на мали парчиња. Се сечат и колбасите. Се вари морковот и се сече со киселите краставички, јајцата се варат и се сечат и тие ситно. Се става во сад карфиол со колбаси, моркови и краставички и јајца. Се додава мајонез и зачини и се меша. Може да украсите со маслинки.

Во продолжение можете да прочитате и за тоа како да направите гурманска посна салата:

СОСТОЈКИ:
2 главици кромид; 2 парчиња праз; 100 гр кикирики; 100 гр суви сливи; 200 гр посен кашкавал; 150 гр маслинки; рузмарин; оригано; оцет и маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Исечкајте маслинки, кромид, праз, суви сливи и кашкавал. Кикириките издробете ги со сукало или лесно во блендер, па додајте маслиново масло, оцет и зачински билки. Измешајте и послужете.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: