За приватниот живот на Здравко Чолиќ се знае малку, а тој сега откри голема вистина за сопругата Александра

|

Публиката со големо нетрпение ги очекува престојните концерти на музичката легенда Здравко Чолиќ кои ќе се одржат во Белград.

Инаку, добро е познато дека пејачот не изнесува во јавноста детали од својот приватен живот, но сега прозборе за наследничките Уна и Лара.

Чола истакна дека е горд на нив и дека ги поддржува во се и им ги исполнува желбите, но не е сигурен дека ќе се согласи со нивниот избор на дечковци.

Горд сум на своите ќерки како и секој татко. Јас сум тука за да ги поддржувам и да им ги исполнувам желбите. Веќе полека почнува и изборот на дечковци, не знам како ќе се изборам со тоа, најтежок ми е тој дел, но сето тоа е живот и е сосема нормална работа, рекол Здравко.

Сопругата на пејачот, Александра ретко се појавува на настани со него, а сега Чола истакна дека во неговиот случај може да се каже дека зад секој успешен маж стои жена.

Во секој случај, сопругата ми помага во се, тука е да ме поддржи, но и корегира кога тоа е потребно. Во тоа е и поентата на заедничкиот живот, да се советувате и поддржувате, рекол пејачот.