На влезот на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир двајца сопственици на една компанија покренаа хуманитарна акција. Делат бесплатен леб за сите оние кои немаат можност да купат. Пред нивниот дуќан поставија полица на кој пишува „Бесплатен леб за сиромасите“.
„Во Чаир е поставена полица каде сиромашните можат да земат бесплатен леб. Во текот на денот се поделуваат околу 100 векни леб“, вели Арбана Ќ. Климента, репортерка на ТВ21.
16-годишниот Фисник Сулејмани доброволно го пакува лебот во ќесиња и го реди на полицата.
Инаку, веќе три години по ред, на почетокот на светиот месец Рамазан, се поставува полица со леб. Организаторите на акцијата не сакаа да зборуваат пред камерата, само изразија надеж дека во иднина ќе се организираат повеќе вакви активности. Ги повикаа сопствениците на пекарите во да се приклучат на иницијативата и заедно да помогнат на оние кои имаат потреба од тоа.
Извор: тв21.мк