ЗА СИТЕ МАЈКИ: Чувајте се поради децата, никој нема да ги сака како вас

ИЗВОРСкопје24
|

Чувајте го вашето здравје. Стресот, брзата исхрана, физичката неактивност порано или подоцна ќе си го земат својот данок. Најдете време за себе, за одмор, за релаксација, за шопинг, за пријателките, за прошетка… Ако вие не се грижите за себе, никој друг нема да го направи тоа за вас.

Чувајте ги вашите нерви. Грижите и проблемите ќе ви ја разјадат душата и нема да можете да се носите со своите секојдневни обврски и задачи. Не дозволувајте да трошите од вашите скапоцени неврони за некои ситници кои утре сигурно нема да бидат ни важни. Се ќе се реши и се ќе си дојде на свое место само вашите нерви не се обновуваат а ќе ви бидат секогаш потребни.

Чувајте се од лоши мисли. Лошите мисли и негативните размислувања може само да ве доведат до депресија која лошо ќе се одрази на вас и на вашето семејство. Лошите мисли се почеток на разни болести кои само ќе го загрозат вашиот живот. Лошите мисли создаваат лоши вибрации и ситуации а нивната последица е лош живот.

Чувајте се од негативни емоции. Ако сте емотивна личност која ги доживува сите настани, промени и ситуации на чувствителен начин, тогаш посебно внимавајте да не завладеат со вас никакви негативни емоции. Понекогаш емоциите управуваат со нашиот ум и разум и може само да донесеме погрешни заклучоци и одлуки за кои подоцна ќе зажалиме. Заменете ги негативните емоции со позитивни и последиците секогаш ќе бидат позитивни.

Чувајте се од злобни луѓе, од лоши ситуации, од премногу напорна работа, од нездрав начин на живот… ако не заради вас самите, направете го тоа поради вашите деца.

Бидејќи никој нема да ги сака како што ги сакате вие. Никој нема да им го даде тоа внимание, таа љубов, топла прегратка, пожртвувано време и целото битие. Вие можете да им го дадете целото срце и целата своја душа и тоа ќе ви биде возвратено еден ден, само ако се чувате!