Бамбусот е идеално растение за подобрување на фенг шуи во вашиот дом. Ова растение ја симболизира мудроста на прилагодувањето и според фен шуи е одличен заштитник во тешки времиња. За кинезите, тој е симбол nа сила, издржливост и отпорност. Бамбусот, не бара многу внимание, па затоа е одличен за луѓе кои се зафатени.
Растенијата во домот имаат посебна улога во компензирањето, најмногу на негативната енергија и секогаш треба да бидат добро негувани и здрави, бидејќи овенатите растенија ќе имаат спротивен ефект.
Бамбусот дава многу, без многу нега и внимание. Една од причините поради кој е популарен е лесното одржување. Не бара голема количина на светлина и не треба директно да биде изложен на сончеви зраци. За негово одржување е доволен сад со вода, а може да се одгледуваат и во земја.
Според фенг шуи, постојат собни растенија кои во животниот простор внесуваат многу придобивки, еден од овие е и бамбусот. Тој носи просперитет и среќа на оние кои го чуваат во својот дом. Исто така, исклучително корисно е да се смести во работна соба, канцеларија или во близина на место каде што се чуваат пари.
Бамбусот е симбол на долговечност и добро здравје. Носи позитивно Чи во домот, а се верува дека дејството на бамбусот е попозитивно кога е присутен во форма на поголем број стебла. Најдобро место за чување на бaмбусот е правецот на истокот или југоистокот.