На втори април се наврши една година откако последен пат го видов мојот син Иле (31). Никаков глас, никаква трага нема од него за сето ова време. Ниту некому се јавил, ниту некој го видел. Среде бел ден излезе да се прошета и толку беше – за ,,Фокус” раскажува Снежана Лазаревиќ од Демир Капија, по чиј син се трага веќе цела година.
Во минатото во неколку наврати слушнала глас дека наводно бил забележан во Струмица, но се испоставило дека се работи за шпекулации. Сега, вели дека никој ниту и се јавил, ниту има било какви новости од страна на полицијата.
-Јас последен пат се јавив во полиција пред нова година, да прашам до каде е истрагата. Мене никој ниту ми се јавува, ниту пак имам било какви информации. Го нема, и тоа е се што знаеме.
Но, надежта не ме остава, постојано пишувам на мојот Фејсбук профил, апелирам до јавноста, но и му се обраќам на Иле во објавите, доколку прочита, да ми се јави, овенавме од грижи.
Стапив во контакт со администратори на група која објавува информации за исчезнатиот Матеј Периш од Хрватска, ги објавија моите апели кај нив во групата, пишувам во разни групи низ целиот свет, кај нашата дијаспора.
Јас сама, толку можам, не знам што друго да направам за да се најде син ми – појаснува мајката за Фокус.
Целиот текст прочитајте го со клик ТУКА.