ЗА ТРИ ГОДИНИ ЗАШТЕДИЛА ДОВОЛНО ДА КУПИ СТАН: И помогнале овие три трикови, кои сега ги сподели со целиот свет

ИЗВОРНов Лист
|

Новозеланѓанката Чери Хови во една група на Фејсбук го закачи својот план за штедење, што и овозможил за само три години да заштеди доволно пари за купување на стан.

Чери ги распределува своите месечни примања во три дела – еден за плаќање на сметките и основните месечни расходи, еден дел за делот од платата што планирате да го потрошите на други расходи, односно трошоци како облека, подароци, посети на доктор и слично, како и еден дел за штедење.

– Мама ме научи на овој начин на организирање на парите и поради тоа во само три години штедење успеав да купам стан во 2015 година, тврди оваа жена.

– Секако, некои непланирани трошоци може да се случат, но сметам дека е добро да се има план, вели Чери.

Иако нејзиното купување на стан можеби е малку преамбициозно за нас бидејки платите во нашата земја не се толку големи за да можете да одвоите иста сума на пари за се, но нејзиниот начин на организација на платата сигурно може да ви служи како пример.