ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ СЛЕДУВА ПОСВЕЖО И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

ИЗВОРНов Лист
|

Денес и утре времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 17 до 19 степени.

Потоа од петок па за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови и за појава на грмежи а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. До сабота ќе биде значително потопло, додека во недела температурите ќе бележат тенденција на пад.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.