Денес и утре времето во државава ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо или со значителна ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи значителната ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во вечерните и во ноќните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 9 степени.
Потоа во петок попладне и во вечерните часови во западните предели ќе има повремени слаби врнежи од дожд. Врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират насекаде во сабота во вечерните часови и во текот на ноќта кон недела, како и во недела кога на повисоките места и на планините истите ќе бидат од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. Во недела ќе биде постудено и снежната граница особено на запад има услови да се спушти и под 1000 метри. Максималните дневни температури во недела ќе бележат тенденција на осетен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени во најтоплите предели од државава.
Сево ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.