Заминување на албанските граѓани од земјата е проследено не само со намалување на работна снага, туку од неодамна и со „нов модерен тренд“ кој веќе е во фокусот на медиумите.
Се работи за палење на албанските пасоши веднаш од кога ќе ја напуштат својата земја, а последица на тоа е огромното разочарување поради лошиот систем во земјата.
На социјалните мрежи се појавуваат коментари од оние кои поради идентичната разочараност од условите во земјата го оправдуваат овој чин, до оние лица, кои сметаат дека тоа е национален симбол на Албанија и со него не треба да си игра никој.
Медиумите ја пренесуваат реакцијата на познатиот активист Генц Сејко, кој тврди дека „ може да се чувствува омраза кон политиката но не и кон татковината“.
„Започна еден идиотски тренд, каде што оние кои ја напуштаат Албанија, го палат пасошот во знак на протест. Пасошот е на Република Албанија а не на владата. Кога ќе го запалиш пасошот, ги палиш и националните симболи. Вие не ја мразите Албанија. Вие ја мразите политиката. Научете да направите разлика“-пишува Сејко.