Познатиот теоретичар на теории на заговор тврди дека станува збор за скулптури кои претставуваа уметничко дело на вонземјани. Од НАСА тврдат дека сепак станува збор за ефект на пареидолија.
Теоретичарот на теорија на заговор Скот К. Воринг, кој себеси се претставува како искусен ловец на НЛО, ги воочил и ги опишал необичните скулптури кои наводно се наоѓаат на Марс како рачна изработка на вонземјани. Тој истакнува дека станува збор за статуи на маж, жена и дете за кои се претпоставува дека се направени од припадници на суштества кои не живеат на нашата планета.
Воринг кој претходно наводно шпионирал неидентификуван летечки објект во Област 51, како и “азиската Атлантида“ на морското дно во близина на Јапонија, повторно го сврте вниманието на себе, овојпат за потенцијалните рачни изработки на вонземјаните на Марс кои не можат да се воочат на фотографиите на НАСА.
Зборувајќи детално за своите пронајдоци на блогот „NLO Sightings Daily“, Воринг тврди дека на фотографиите се наоѓаат статуи на маж, жена и дете, а скулптурата од жената ја опишува како „Мона Лиза од Марс“.
„Статуата на жената има впечатлит зелен пењоар. Има и долга коса до рамениците, а раката ѝ е покриена со ракавот на пењоарот до зглобот каде што бојата на раката ѝ се претвора во розова. Нејзиниот лик без сомневање е лик на човек од женскиот пол“ – напишал Воринг во дескрипцијата на предметот кој го видел на снимките.
„Мажот (кој се наоѓа пред неа) исто така има зелена облека и розова ќелава глава. Изгледот на детето не може јасно да се воочи, само се гледа дека е во седечка положба, со погледот напред, а рацете му се поставени позади него“ – изјавил.