Заборавете на избелувачи – со овој трик ќе добиете алишта како од реклама

ИЗВОРНов Лист
|

Кога следниот пат ќе перете бели алишта, наместо избелувач ставете ¼ или ½ чаша лимонов сок!

Сигурно веќе сте слушнале за што се’ е добар лимонот, но дали знаевте дека тој кисел плод може да ви ги избели алиштата како што отсекогаш сте сакале, а никогаш не сте успеале?

Со овој неверојатно лесен трик вашиот сон за бели алишта конечно ќе стане реалност.

Многу е едноставно: Кога следниот пат ќе перете бели алишта, наместо избелувач ставете ¼ или ½ чаша лимонов сок.

Значи, ако имате постелнина или блуза која ја изгубила совршено белата боја и станала сивкаста, употребете лимон и вратете го првобитниот сјај.