Забрана за камиони на неколку патни правци поради снег

|

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Крива Паланка, Маврово и на Стража.

Забрана за движење на тешки товарни возила е воведена од 4.50 часот утрово на патните правци Маврово-Дебар и Гостивар-Маврово и обратно поради врнежи од снег.