Како ќе изгледа седењето во кафич и ресторан во Србија откако повторно ќе започнат со работа?
Здружението на угостители објави водич со низа заштитни мерки кои ќе им помогнат на сопственците на кафулиња и ресторани кога повторнo ќе отворат. Мерките вклучувaaт и забрана за мобилни телефони и пауза за пушење цигари.
– Пред да се отворат вратите, потребни е темелно чистење и дезинфекција на просториите. Покрај тоа, се предлага да се измени гастрономската понуда и дневниот распоред за сервирање. Локалот ќе треба да има редовни снабдувачи на заштитни маски, нараквици, средства за дезинфекција и паравани за маси кои веројатно ќе бидат инсталирани заради заштита, стои во Водичот за угостители.
Во однос на плаќањето, ќе се користат само картички.
– Персоналот ќе мора да носи работна облека и чевли на работа, постојатно да мијат раце, да носат маски, а униформата мора да биде чиста. Забрането е излегување на пауза за цигара во униформа и не е дозволено користење на мобилни телефони за време на работното време заради можно пренесување – пишува во водичот.
Исто така, по приемот на нарачката и пред да се послужат гостите, лименките и шишињата ќе мора да се дезинфицираат, а столовите да бидат на растојание од 1 и пол метар.
– Рестораните за брза храна ќе треба да инсталираат пластични паравани на масите за одделување на гостите. Кога станува збор за шведските маси, храната задолжително треба да биде заштитена, а приборот за јадење го обезбедува персоналот – се само дел од мерките пропишани од Здружението на угостители.