Забрани за камиони преку Ѓавато и на неколку патни правци

|

Поради врнежи од снег вечерва во 20.35 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила преку планинскиот превој Ѓавато.

Во сила се и забраните за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскот превој Стража, како и на патот Мавровска крстосница – Дебар, воведени во 19.40 односно 19 часот, исто така поради врнежи од снег.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Во поголемиот дел на државата има слаби врнежи од снег.