Зад убавото лице на актерот се криел дрзок човек: Бали Бег може да заработи казна затвор – еве што направил

|

Актерот Бурак Озџивит, или за македонската публика попознат како Бали Бег, може да заработи казна до четири години поради неговиот непрофесионален однос.

Згодниот заводник беше обвинет за ин*идентот што се случи минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“.

Во изјавата доставена до судот, пишува дека актерот среде снимање излегол од шаторот и започнал да ги навредува присутните и да ги нарекува со грди имиња. За овие тврдења има неколку сведоци.

Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреди. Сепак, тој ги негираше обвинувањата. Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор.

Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.