Една корисничка на Твитер објави математичка задача која на многумина им создаде главоболка.
Повеќе од 17.000 луѓе реагираа и коментираа.
8÷2 (2+2)=?
Одговорот го пренесуваме подоле:
8 ÷ 2(2+2) = 8 ÷ 2(4) = 4 x 4 = 16
Aко ова ви беше интересно во продолжение ви претставуваме уште една интересна задача:
Не морате да бидете гениј за да знаете дека 6 плус 4 не е 4. можете ли да ја решите задачата помрднувајќи само едно чкорче? Всушност постојат неколку начини за задачата да испадне точна. Доволно е да примените еден и да ги надмудрите пријателите.
Прво обидете се, не ѕиркајте веднаш во решението. Успеавте ли?
Доколку се откажавте, овде ќе ви откриеме три од точните одговори. Имено со поместување на чкорчето од плусот во горниот дел на шестката, таа би станала 8 и одговорот би бил точен. 8-4=4. Вториот точен одговор е со поместување на средишното чкорче од 6ката на горниот слободен дел со што таа би станала 0 и решението повторно би било точно. 0+4=4. Третиот точен одговор е со поместување на левото странично чкорче од 6ката со што таа би станала 5ка, во горниот дел од четворката со што таа би станала 9ка. 5+4=9.
Пронајдовте ли вие некое друго точно решение?