Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од утре до 15 март задолжително треба да поседува пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.
Како додаток на информацијата, МВР информира дека во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Граѓаните треба да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема бидејќи така овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови, апелираат од МВР.