Задоволството се плаќа: Ако купите стан во Грција, подгответе се да издвоите и по 800 евра за сметки

|

Веројатно барем еднаш во животот сте помислиле колку би било убаво да си купите викендичка некаде на море покрај плажа, а првата помиска веројатно е нашата соседна Грција, која располага со прекрасни песочни плажи и прекрасна тиркизна вода. Сепак ова задоволство би ве чинело повеќе отколку што мислите…

Србинка која купила стан во Неа Флогита во Грција раскажува колку чини задоволството да имате свое место покрај море.

Таа вели дека самиот стан или студио на приземје го платила околу 40.000 евра, но оти има многу скриени трошоци. Сметките, објаснува таа можат да достигнат и 800 евра месечно.

Плативме 1.200 евра за нотар и адвокат да се запишат во новиот катастар за 250 евра, 50 евра за отворање даночен број и 2% провизија на агенцијата за 1.440 евра.Интернет се плаќа околу 25 евра месечно и струја два месеци по е-пошта, вода двапати годишно и данок на имот еднаш годишно-објаснува Бранислава.