Заедно се 20 години, без неа немало да успее – Која е невенчаната сопруга на Ципрас (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Со Алексис Ципрас, првиот грчки премиер кој дошол во посета на Македонија, дојде и неговата невенчана сопруга, Бети Базијана, и привлече големо медиумско внимание.

Четириесет и четиригодишната Перистера Базиана, позната како Бети е невенчаната сопруга на грчкиот премиер и лидер на Сириза Алексис Ципрас и воедно е најзаслужна за неговиот успех, пишува Емагазин. Тој повеќе се интересирал за спорт отколку за политика, додека не ја сретнал неа. Ципрас ја запознал во средното училиште, а подоцна заедно студирале на Техничкиот факултет во Атина.

Заедно воделе неколку комунистички протести, а според многумина никогаш немало Ципрас да го доживее денешниот успех без неа.

Таа ретко се појавува во јавноста и медиумите, а заедно се 20. години. Колегите на факултет ја опишувале како „динамична и многу упорна“.

Медиумите и ден денес прашуваат дали таа од сенка ги држи конците и управува со земјата? Колегата на премиерот Заев живее во Атина со сопргата, со која имаат две машки деца.

Сопругата на Ципрас денес ќе се дружи со првата на дама на Македонија Зорица Заева.