Заедно со неговата најсакана – Вака Богдан го поминува времето после раскинувањето со Цеца

|

Светлана Цеца Ражњатовиќ и Богдан Срејовиќ ја прекинаа љубовната врска после една година.

Двајцата решиле да стават крај на романсата, а за причините решиле да не зборат. И додека Цеца со денови со пријателите ужива на Малдивите, Богдан времето го поминува на Златибор.

Богдан не се огласи по повод разделбата, но на својот Инстаграм профил објави фотографија со својата ќерка која ја доби со манекенката Зорана Тасовац.

Веднаш после тоа објави и видео додека шетаат, а за тоа цело време не ја симнуваа насмевката од своите лица. Без сомневање во моментов најмногу му годи времето поминато со својата ќерка.