Заев: Добиваме 8.000 дози „Фајзер“ од Србија по набавна цена

ИЗВОРНов Лист
|

Премиерот Зоран Заев, денеска преку социјалните мрежи информираше дека Македонија ќе добие 8.000 дози од вакцината на „Фајзер“ од Србија кои ќе се платат по набавна цена, односно нема да ни бидат подарени, туку одделени за нас и самите ќе ги платиме.

„Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.

Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството. Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории“, напиша Заев.