Заев: Ги укинуваме патните трошоци за пратениците, ја намалуваме администрацијата

ИЗВОРНов лист
|

Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, вели Заев во постот.

Претседателот на СДСМ и носител на листата во изборната единица 4, Зоран Заев во објава на Фејсбук пиша дека потребна е дополнителна професионализација на администрацијата и додаде дека се укинуваат патните трошоци за сите пратеници во Собранието. Тој напиша и за законската обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери.

Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%.

Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.

#Можеме уште повеќе, уште подобро!, напиша Заев.

Време е за ред, правда и дисциплина❗✅ Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја…

Gepostet von Zoran Zaev am Samstag, 27. Juni 2020