Метлата на Заев сериозно удира во партијата и министрите по информациите кои излегоа утрово дека најверојатно Сугарески ќе биде сменет со струмичанецот Китанов, веќе се навестуваат и новите смени.
Според информации од партијата извесно е дека Заев е тргнат во битка за расчистување со крилото на Шекеринска. Имено премиерот од министри ќе ги разреши Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски и Рената Дескоска, репрезенти на таканатеченото скопско крило под закрила на Шекеринска.
Дополнително Заев во партијата на местото на Кирацовски го планира својот најблизок соработник, сегашниот министер за земјоделие, Љупчо Николовски, кој беше негов шеф на кабинет додека СДСМ беше во опозиција.
Со ваквите чистки Заев ќе обезбеди највисоките луѓе во државата да бидат лично негови луѓе.
Дека ова се насетуваше говори и фактот за генерална смена на претседателите на општинските организации на СДСМ, од кои голем број важеа за кадри на Шекеринска.
Извор: ДелчевоДенес
Денеска пак проопозицициските медиуми излегоа и со други тврдења, како и она дека Сугаревски е прв на листата за метла.
Неофицијално кадрите на ДУИ за кои се преговарало нема целосно да бидат избришани од списокот на функционери, туку Ахмети дозволил само ротација на функциите. Така според нашите извори прв кој би требало да замине од министерската позиција е Садула Дураку од екологија, ама за него се крои министерско место во новото министерство за рамковен, што значи дека од игра излегува Хазби Лика кој и досега беше проблематичен со недоаѓањето на работа.
Во очи на денешниот состанок дел од министрите не сакаат директно да одговорат дали нивните ресори ги зафати метла. Министерката за труд и социјала вели верувала во одлуката на премиерот.
Сепак, сигурни во своите фотељи според нашите извори остануваат Османи, Адеми и Бектеши иако за дел од нив се водат и случаи за можен судир на интереси во Антикорупциска. Од ДУИ пак наместо за кадровски смени притискаат за т.н. ветинг на функционери за контрола на нивното минато пред добивањето на функциите.
Иако далеку од очекувањата на јавноста за најавената „чистка“, премиерот Заев неделава ги разреши сите 78 претседатели на општинските организации, па метлата засега зачисти само во партиските дворови. Во операцијата „метла“ според најавите на премиерот, освен министри треба да бидат разрешени и директори на јавни претпријатија.