Премиерот Зоран Заев, денеска ги соопшти имињата на носителети на функции кои се опфатени со „метлата“ најавена уште пред изборите. Реконструкцијата овојпат опфати десетици директори, членови на управни и надзорни одбори.
Меѓу нив се директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски, директорот на Државниот архив, Кирил Петров, директорот на Агенцијата за лекови Ќахил Ибраими, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Вулнет Адеми директор на Агенција за странски инвестиции, директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мемедовиќ.
Како што рече Заев, неговите предлози ќе бидат ставени на владината седница која ќе се одржи денеска. Заев им се заблагодари на сите разрешени функционери и рече дека од денеска ќе почне именувањето на новите.
Претходно беа објавени и првите промени во редовите на владеачката партија.
Разрешувања на шесте потпретседатели на СДСМ и генералниот секретар, Александар Кирацовски на вечерашниот Централен одбор на СДСМ, објави 24 Вести.
Потпретседатели во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Сите добија метла од нивниот партиски челник Зоран Заев.
За нов генерален секретар на партијата беше предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.