Заев: Се надевам Тамара сите ќе нѐ направи горди!

ИЗВОРСкопје24
|

Навиваме денеска за Тамара и ѝ ја посакуваме целата среќа, како наш претставник на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел, се огласи премиерот Зоран Заев на Фејсбук и ја повика дијаспората да гласа за Тамара.

– Се надевам сите ќе нѐ направи горди или како што самата кажува во песната, „Raise your voice and say it loudly – I am PROUD“ (Кренете го вашиот глас и кажете гласно – Се гордеам). Ја повикувам македонската дијаспора да ја поддржи Тамара и да гласа за број 17, на втората полуфинална вечер, која ќе почне вечерва во 21 часот – напиша Заев.

Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Таа ќе настапи под реден број 17, а придружни вокали ќе ѝ бидат Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев. Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.

На првата полуфинална вечер на Евросонг, што се одржа завчера настапија изведувачи од 17 земји од кои 10 од Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија, обезбедија настап во финалето, што ќе се одржи в сабота, 18 мај.

И во втората полуфинална вечер десет земји ќе обезбедат пласман во финалето. На Евросонг учествуваат 41 земја, а покрај домаќинот Израел, пет земји (Франција, Италија, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство) имаат директен пласман во финалето.