Заев: Со Филипче ќе имаме повеќе време да возиме мотори, ќе стане поголем другар со мене

ИЗВОРНов Лист
|

На денешната прес-конференција по договорот со Алтернатива, премиерот Зоран Заев  коментираше за Венко Филипче, со оглед дека тој во иднина нема да биде министер за здравство.

Како што вели Заев, сега со Филипче ќе стане поголем другар, и дека ќе имаат време да се посветат на страста на возење мотори.

„Министерот Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тоа е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него“, изјави Заев.

Заев кој во јавноста е и познат моторџија неодамна возеше со Филипче и нивните синови Иво и Душко на Беласица, велејќи дека времето поминато со децата е најважно.