Премиерот Зоран Заев денеска беше во Преспа, каде не прошушти да се качи на мотор, кој е негова голема страст.
– Огромно задоволство е Преспа да ја запознаеме на ваков начин, преку дружење, музика, храна, преку запознавање на природните убавини и традицијата. Им честитам на градоначалникот на Ресен и на граѓаните од регионот кои овие два дена го организираат настанот „Запознај ја Преспа“, вчера во Отешево, денеска тука на плажата во Дупени. Утре се навршува една година од Договорот од Преспа, а ова што денес се случува тука, ова поврзување на народите од Северна Македонија, Грција и Албанија само покажува какви придобивки носи тој договор. Преспа е мозаик, Преспа обединува, Преспа е Европа. Ги повикувам сите граѓани да доаѓаат тука, да креираат содржини и да му дадеме живот и инцијатива на овој уникатен регион, напиша тој.
На настанот „Запознај ја Преспа“ премиерот Зоран Заев пристигна со мотор.
Попладнево, тој од Долно Дупени, на мотор се упати на состанокот на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.